Земји кои не учествуваат на Евровизија веќе подолго време

Според Европската радиодифузна унија, земјите учеснички на Евровизија се делат на активни учесници, неактивни, оние кои не исполнуваат услови и поранешни, односно држави кои постоеле и учествувале, но веќе не постојат. Пример за тоа е Југославија, но и заедничките настапи на Србија и Црна Гора пред 2007 година. 

Меѓу земјите кои се членки на ЕРУ (EBU), кои имаат право на учество, но никогаш не учествувале се Алжир, Чехословачка (до 1992 година), Египет, Јордан, Либан и Либија. 

Но, што со оние кои паметиме дека учествувале, но веќе не се дел од Евросонг?

На пример, Турција последен пат настапуваше во 2012 година, а однесе една победа, во 2003 година. 

Словачка исто последен пат учествувала во 2012 година во Азербејџан. 

Монако настапија неколкупати и имаат една победа, од 1971 година, а последен пат на Евровизија се појавија во 2006 година. Луксембург, кои се петкратни победници, последен пат учествуваа во 1993 година. Последната победа беше во 1983. 

Унгарија во периодот меѓу 1994 година, па до 2019, имаа неколку обиди да учествуваат, но не забележаа значајни успеси. 

Мароко е земја која има само едно учество на Евровизија досега. 

Босна и Херцеговина не учествуваат од 2016 наваму, поради долг кон EРУ, додека пак настапите на Белорусија секогаш се проследени со скандали, поради што често се суспендирани од фестивалот. Последен пат се појавија на евровизиската сцена во 2019 година. 

Меѓу земјите кои веќе не учествуваат е и Андора, која последен пат се натпреваруваше во 2009 година. Досега тие не успеале да се пласираат во финале ниту еднаш, со што се единствена земја која никогаш не успеала во тоа. 

Релативно нови учесници на Евросонг се Албанија, Ерменија, Азербејџан, Чешка, Грузија, Црна Гора како самостојна земја, а исто и Србија, Сан Марино, и Украина која првпат се појави на Евровизиската сцена во 2003 и оттогаш секогаш се квалификува во финалето - без исклучок.