Земјава во портокалова фаза, температури до 42 степени

 

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ=9

Во Скопје сончево и многу топло со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 41 степен.

Продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен. И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. 

Надлежните апелираат да се почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран. Без потреба да не се престојува на отворено, ранливите категории граѓани да се ослободат од работните обврски, да се внимава при консумација и чување на храната, да се внесуваат повеќе течности…, а поради рикот за избувнување пожари да не се фрлаат отпушоци од цигари, да се ибегнува палење оган на отворено, како и други активности што можат да предизвикаат пожари.