Земјата на која лежело едно од убиените момчиња кај Смилковското Езеро се совпаѓа со составот на земјата пронајдена во “опел омегата”

Земјата на која лежело едно од убиените момчиња кај Смиљковското Езеро се совпаѓа со составот на земјата пронајдена на блатобраните на автомобилот “опел омега”. Ова е сведочењето на вештакот Снежана Николовска, вработена МВР, на денешното судско рочиште за случајот “Монструм”, пишува Фокус

“Анализата покажа дека земјата земена од блатобраните и земјата до едно од мртвите момчиња се совпаѓаат. Ова значи дека се совпаѓаат по боја, гранулација и елементарни состојки, појасни вештакот.

Таа истакна дека за анализа и биле донесени пет примероци пд земја од кај Смиљовското Езеро, која ја споредила со земјата од блатобраните на возилото.

Со оваа возило, според обвинителството се превезувале дел од извршителите на петкратното убиство.