Земете го животот во свои раце, вие имате должност самите кон себе

Мојата мајка имаше низ здравствени и психички проблеми: патеше од несоници, беше склона кон лутина, бес, секогаш беше болежлива, сѐ до еден ден кога одеднаш сѐ се промени.

Ситуацијата околу неа останата иста, но таа е онаа која се промени.

Еден ден, мојот татко ѝ рече: „Душо, веќе три месеци барам работа и ништо не најдов, сега ќе одам во кафана да се напијам по некоја пијачка со другарите.“

Мајка ми му рече: „Добро.“

Брат ми ѝ рече: „Мамо, воопшто не ми оди на факултет“, а мајка ми му рече: „Добро, ќе успееш некако да го надополниш пропуштеното, а и ако не успееш, ќе го презапишеш семестарот, ама ти сам ќе треба да се снаоѓаш за пари.“

По некое време се појави сестра ми и ѝ кажа: „Мамо, го удрив автомобилот.“

Мајка ми ѝ одговори: „Нема врска, однеси го на автомеханичар и размисли како ќе собереш пари да ја поправиш штетата, а во меѓувреме ќе користиш автобус.“

Една роднина на мајка ми ја замоли да се пресели кај на три месеци, мајка ми само ѝ кажа да собере постелнина од дома и дека може да спие на троседот.

Еден ден седнавме со неа, затоа што се загриживме за неа. Сакавме да ѝ помогнеме некако. Но, останавме изненадени кога седнавме покрај неа и таа ни го кажа ова:

„Ми требаше многу, многу време додека сфатам дека секој е одговорен за својот живот. Ми требаа години за да сфатам дека мојата депресија, мојата несоница и мојот стрес нема да реши ниту еден од вашите проблеми. Јас не сум одговорна за вашите постапки, но одговорна сум за мојата реакција на вашите постапки. Дојдов до заклучок дека имам должност кон самата себе, да бидам мирна и сталожена и да ве оставам самите да си ги решите работите кои се очекуваат од вас. Јас можам да ви дадам совет ако ми побарате совет, но вие самите одлучувате што ќе направите.

Па затоа, решив да престанам да бидам зона во која ќе можете да ги одложувате вашите обврски, вашата вина, нема да бидам слушател на вашите жалопојки, адвокат за вашите грешки, нема да бидам вашиот ѕид на плачот, депозит за вашите обврски, онаа која мора да ги реши вашите проблеми.

Од денес ве прогласувам за возрасни, независни и самодоволни.“

Од тој ден, целото семејство почна да функционира подобро, затоа што сите знаеја што треба да прават.