Земете двосед, тросед и многу знамиња и дојдете да ја бодриме Македонија во паркот во Ново Лисиче!

Денес со почеток од 15 часот македонските репрезентативци ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Украина, а во истиот термин во паркот „Нирнберг“ во населбата Ново Лисиче се организира групно, масовно следење на  натпреварот на голем видео бим, со многу пиво, забава и дружење.

Организатор на настанот е општина Аеродром, а поддржувачи се Хелиум Кафе, Ројал Бургер и Биг Саунд.

Земете двосед, тросед, многу  македонски знамиња, желба за победа и дојдете да ја бодриме македонската репрезентација, велат поддржувачите на настанот и ги покануваат сите страствени и аматерски навивачи, денес на чист воздух и под ведро небо заедно да викаме на цел глас за Македонија. Тие ветуваат одлична навивачка атмосфера, добра забава и многу љубов за Македонија. 

Освен денешниот настан на истата локација ќе бидат организирани групни следења и за сите останати натпревари од Европското првенство 2021 година.