Зелка -  вистинско чудо на природата која го штити црниот дроб и желудникот

Хипократ своите пациенти ги лечел со овој зеленчук.

Денеска, нутриционистите и припишуваат многу лековити состојки на зелката. Но, треба да знаете дека црвента или љиљакова зелка има повеќе хранливи состојки од белата.

Ароматичната црвена зелка содржи ниско ниво калории, но затоа има и повеќе витамин Ц. Освен тоа, во нејзе се наоѓа и повеќе витамин Е, а е богата и со фосфор и калциум.

Чисти од токсини

Зелката придонесува за работа на метаболизмот, но и прочистување на крврта. Затоа се смета и за неверојатно корисна намирница за детоксикација. Таа делува на црниот дроб, системот на варење, но и работата на целиот организам.

Го подобрува варењето

Познато е дека црвената зелка има одличен ефект на системот на варење, а тоа значи дека ги спречува проблемите поврзани со констипација и болката во желудникот. Сокот од зелка е исто така ефикасна во лечењето чир на желудникот.

Ги спречува знаците на стареење

Сокот од зелка содржи голема количина на антиоксиданти и витамини А, Ц и Е, кои помагаат во одржувањето на хидрирана, мека и сјајна кожа. Уште една предност е што таа придонесува и за создавање колаген, што е одлично за нашата кожа.