Зелениот чај спречува размножување на клетките на канцер?

Благодетите на зелениот чај се општо познати, па дури и научно докажани. Дури некои истражувања велат дека истиот има ефект на спречување на размножувањето на канцерогните клетки. 

Вообичаено, препаратите кои се користат за спречување на размножувањето на клетките на канцерот, делуваат и на оние здравите односно корисни клетки во човечкиот организам. Особено, праксата покажува, дека зелениот чај е ефективен во борбата на ракот кој се појавува во усната шуплина. Точниот принцип по кој зелениот чај помага не може да се утврди, но праксата покажува дека е особено ефективен.

Идентификуван е единствено процесот во кој супстанците од чајот ги напаѓаат клетките на канцерот, што во иднина би можело да помогне во развојот на медицинските третмани. 

Зелениот чај и припаѓа на фамилијата Камелија и во природни услови расне во вид на грмушка. Потекнува од Азија, а познато е дека во Кина се одгледува со илјадници години, додека во светот се распространува многу подоцна. Во светот постојат неколку видови на овој чај, зависно од тоа како се преработуваат, но во суштина сите тие се добиени со сушење на листови од дрвото Camellia sinesis. Така добиениот чај изобилува со здрави состојки и е одличен анти-оксиданс, па затоа е препорачлив и за здрави луѓе.

Научниците не се сигурни, но сметаат дека епигалокатехин-3-галат (EGCG) е одговорен за уништување на заболените, додека притоа не ги оштетува здравите клетки. Се претпоставува дека EGCG покренува процес во митохондриите со што предизвикува изумирање на заболените клетки. ЕГЦГ предизвикува хемиска реакција во митохондријата на заболената клетка, така што предизвикува „оксидативен стрес“ преку внесување на поголеми од вообичаено молекули на кислород. Напротив пак, истата реакција не ги уништува здравите клетки, туку помага во нивното нормално и продуктивно работење. Овие информации се особено важни за научниците кои во иднина би можеле да развиваат терапија за спречување или лекување на канцер на база на полифенолот ЕГЦГ.