Зеленило, адреналински содржини и урбана опрема - Карпош ќе добие нов парк

Оваа година ќе започнат почетните активности за изведба на Паркот од вештачката карпа до бунарите на реката Лепенец, долж Кејот на реката Вардар.

Општина Карпош доби неповратни средства од речиси еден милион евра од Европска Унија за овој проект. Целосно ќе се оплемени просторот со ново зеленило, адреналински содржини и урбана опрема.

Ова ќе биде една од најатрактивните зони за спорт и рекреација во Карпош.