Зелени јавни простори и климатска отпорност: Градоначалникот на Ѓорче Петров на форум во Женева

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски беше дел од Форумот на градоначалници на Обединетите нации во Женева, каде што изнел забелешки и предлози за стратешки документ поврзан со развојот на градовите и општините.

Како што информира градоначалникот, во дискусиите го истакнал значењето на превенцијата, зелените јавни простори, отпорноста на климатските промени и поголемата поддршка за општините при реализација на проекти.

„Искуствата и потребите на Ѓорче Петров имаат свое место во овие меѓународни дискусии“, наведува тој, посочувајќи дека средбите со градоначалници и меѓународни партнери отвориле можности за нови партнерства, размена на знаења и идна соработка.

Следниот чекор, според него, е воспоставените контакти да се претворат во заеднички иницијативи и конкретни резултати за граѓаните на Ѓорче Петров.