Зеленчук кој треба да го конзумирате секој ден

Попај е лик од нашите омилени цртани филмови од детството кој е познат по својата сила. Неговата тајна лежи во спанаќот.

Според зборовите на нутриционистката Росана Раст, постојат многу видови зеленчук кои содржат протеини, а кои треба да ги конзумираме често. Еден од нив е и спанаќот.

Спанаќ

Тој содржи калиум, калциум, магнезиум и железо. За да се сочуваат сите витамини, најдобро е да се готви на пареа или малку вода, или пак да се конзумира свеж во салатите.

Грашок

Богат со витамин А, калиум и природни влакна. Можете да го готвите на пареа и да го додадете во тестенините, оризот и салатите.

Компир

Компирите содржат протеини, витамин Ц, калиум и природни влакна.

Брокула

Освен што содржат есенцијални нутриенти, природни влакна и протеини, брокулите се добри за варењето и цревата. Сепак, внимавајте да не претерате бидејќи можат да ве подујат.

Пченка

Богата со протеини и многу природни влакна. Може да се додаде во скоро сите јадења.