Зелената револуција на улица: Нов протест закажан за в недела во Ѓорче

- Доста беше со труењето на нашите деца, на нас и на нашите најблиски! Ѓорче Петров е најзагадената општина во Република Македонија! На 07-ми декември ПРОТЕСТИРАВМЕ и упативме јавен апел до надлежните институции да превземат мерки за расчистување на најголемиот проблем за загадувањето во Ѓорче Петров, депонијата во Ново Село, а една недела потоа нема никаква реакција, пишуваат револтирани граѓани и закажуваат нов протест:

- Нeдела, 15-ти декември, 12 часот. Блокада на раскрсницата на ул. Лука Геров кај семафорите (кај месната заедница), информираат на групата Ѓорче Петров.

Протестот е против неконтролираното депонирање на отпад со камиони на депонијата во ново Село. Таа нема влијание по здравјето само на ѓраѓаните од Ѓорче Петров туку и на ѓраѓаните на Карпош, Влае, Бардовци и Злокуќани...

 

.