Зелен пијалок кој ќе ви донесе енергија во текот на напорниот ден

Еден зелен пијалок нуди  повеќе хидратација од три чаши вода.

Ова е тврдењето на една од најпознатите нутриционисти, Дана Коен. Иако не постојат научни докази кои го потврдуваат ваквото тврдење, сепак сите ќе се сложиме дека додавањето на едно вакво здраво смуди во нашата исхрана може  да направи голема промена.

Иако можете да ги ставите во блендер сите зелени состојки кои ги имате во домот, сепак таа препорачува комбинација на неколку состојки кои прават чудо. 

Потребни состојки:

½ јаболко

½ краставица

2 лажици чиа семе

сок од ½ лимон

1 шолја зелен зеленчук по ваш избор (спанаќ или кељ)

2-3 чаши вода

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки во блендер и блендирајте неколку минути додека не се измешаат сите состојки.

Ова е одличен пијалок кој во зимските денови ќе направи голема разлика во однос на вашето здравје и расположение. Конзумирајте го рано наутро или во текот на денот, ако ви е потребен додаток на нова енергија во средина на напорниот ден.