Зелен кров на ГТЦ за еколошки почист и урбан град

Градот Скопје во моментов ги презема сите административни процедури околу реализацијата на проектот за изградба на зелен покрив на Градскиот трговски центар.

Засадување на 12.000 нови садници на територијата на Скопје и најавената изградбата на зелен кров во ГТЦ се дел од покрупните активности годинава. Целта е поголема заштитата на животната средина, заштитата од климатските промени и зголемување на отпорноста на Скопје, како и продолжување на досегашните проекти и активности на градските власти и УНДП.

Откако ќе бидат склучени сите договори со институциите, ќе се пристапи со јавната набавка на проектната документација за изведба на овој проект.