Зекири: Температура, болки во коските, губење на сетилата за вкус и мирис, се само неколку од симптомите

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој заедно со својата сопруга и 3 месечното бебенце, пред три дена беа хоспитализирани, поради корона вирусот, се во стабилна состојба пренесува Фокус.

Во моменти кога дел од населението се уште не верува дека корона вирусот навистина постои, Зекири ги кажа кои се симптомите кои тој ги почуствувал.

-Температура, болки во коските, губење на сетилата за вкус и мирис, се само неколку од симптомите, изјави Зекири.