„Зебра“ за побезбедна Гази Баба: Се обновуваат пешачките премини

Во Општина Гази Баба започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини на повеќе локации, со цел да се подобри безбедноста на пешаците и учесниците во сообраќајот.

Активностите ги реализираат екипи на ЈКП „Гази Баба 2007“, а со обновувањето на хоризонталната сигнализација се очекува пешачките премини да бидат повидливи за возачите.

Од Општина Гази Баба апелираат до возачите да ја намалат брзината и да им дадат предност на пешаците на обележаните премини.

Од друга страна, пешаците се повикуваат да ги користат означените премини и внимателно да ја преминуваат улицата.

„Безбедноста е заедничка одговорност“, порача градоначалникот Бобан Стефковски.орност“, порача градоначалникот Бобан Стефковски.