„Здраво Млади“ вечерва по 12. пат во МКЦ

Фестивалот „Здраво Млади“ ќе се одржи вечер по 12-ти пат во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Како што соопшти МКЦ, овогодишниот фестивал има три главни бини и неколку поп-ап локации низ МКЦ, каде ќе бидат гости 15 артисти од целиот свет.

Дел од артистите на Фестивалот се Bufiman, Deerhoof, ШТАДТ, 21 век, Палиндром, Not Wawing, Tamada, Sitzpinker, Martina Peneva, Emi Ermilova, Xajka, Porto Morto, Herzel, Dj Fitz.

– Оваа листа на артисти е курирана така да одговара на сечиј вкус. Со гордост ги прикажуваме нашите локални артисти, млади бендови и искусни музичари, драги диџејки како Мартина Пенева и Еми Ермилова, наведуваат од МКЦ.

Оваа година, како што додаваат, дизајнот на постерот достигна извондредна популарност.

– Одлучивме локалниот уметник Гоце Илиевски кој со себе носи бројни признанија и награди да го направи дизајнот на „Здраво Млади“. Покрај музичката програма, „Здраво Млади“ ја збогати програмата со обука за инстаграм филтри кои преку агментирана реалност го менуваат изразот на лицето на социјалните медиуми како младите уметници би можеле да се изразат на еден уникатен начин. Како уникатна и екслузивна соработка го двоиме „носењето во живот“ на друидот од постерот, кој ќе е испринтан со помош на 3D принтер и овековечен во лимитирана бројка на терариуми од локални артисти и ентузијасти за ботаника, Etherial3D и Цветко, посочуваат од МКЦ.