Здраво летно јадење: Направете ролнички со тиквички - брз ручек по работа

Потребни состојки:

12 резанки од тиквичка

3 лажици крем-сирење

3 лажици кисела павлака

магдонос

шолја ориз

6 шери домати

босилек

сол

бибер

маслиново масло

лимонов сок

½ лажичка лук во прав

Начин на подготовка:

1. Сварете го оризот и зачинете го со лук. Исечете ги тиквичките на долги, широки ленти. Премачкајте ги со маслиново масло, зачинете ги со сол и бибер.

2. Оставете ги да отстојат некое време додека не омекнат за да можете полесно да ги замотате. Ситно исечкајте го магдоносот, па измешајте го со крем-сирењето и павлаката. Зачинете со малку босилек и сол, па измешајте ја смесата со сварениот ориз.

3. Премачкајте ги тиквичките со филот, додајте мало парче домат па завиткајте ги во ролна. Зацврстете ги со чепкалка и додајте неколку капки лимон пред послужувањето.