Регионалната музичка ѕвезда Здравко Чолиќ ја изрази својата тага и солидарност со жртвите од трагедијата во Кочани, најавувајќи дека ги откажува концертите во Скопје.
Чолиќ првично на Инстаграм објави само „Кочани“ со емоџи со свиткани дланки, симболизирајќи почит и сочувство. Подоцна, тој информираше дека концертите, кои беа закажани за 18, 19 и 21 март, ќе бидат одложени.
„Концертите ќе бидат одложени. Наскоро ќе бидат објавени нови датуми“, соопшти Чолиќ.
Со овој гест, познатиот пејач им се приклучи на бројните јавни личности кои изразија поддршка за семејствата на жртвите и повредените во оваа трагедија.