Здрави намирници кои секогаш треба да ги имате дома

Без оглед на тоа дали сакате повеќе енергија, почиста кожа, подобро расположение или помалку килограми, здравата храна е најдоброто решение.

Летниот период нуди мноштво свежи и здрави намирници, а ова се некои од најдобрите.

Јаболки

Богати се со природни влакна, витамин Ц и антиоксиданти, а особено се препорачуваат како ужина меѓу оброците. 

Авокадо

Една од најдобрите состојки на светот, авокадото е богато со калиум, влакна и витамин Ц, но и омега 3 масни киселини. Одличен избор за појадок.

Банани

Бананите се уште една состојка со која препорачуваме да го почнете денот. Тие содржат калиум, влакна и Б6 витамини, па така се одлични за енергија, здраво срце и бистар ум.

Боровинки

Боровинките се едно од најздравите овошја на светот поради големото количество антиоксиданти кои ги содржат. Тие помагаат за намалување на мачнините, ја чуваат кожата и штитат од влијанието на слободните радикали.

Портокали

Богати со витамин Ц, ни ги обезбедуваат дневните количини од овој витамин. Можете да ги конзумирате како исцеден сок рано наутро или пак свежи како ужина меѓу оброците. Тие го чуваат имунолошкиот систем.

Јајца

Јајцата имаат лоша репутација меѓу намирниците, но многу истражувања покажуваат дека тие се здрави, особено поради тоа што се богати со протеини.

Јагнешко месо

Ова месо е богато со протеини, омега 3 масни киселини и одлично за здравјето на срцето.

Бадеми

Бадемите се уште една ужинка која е здрава и вкусна. Богати со витмаин Е, магнезиум, антиоксиданти и влакна. Доволни се само 7-10 бадеми дневно.

Моркови

Морковите се богати со бета – каротен што го чува здравјето на нашите очи, а исто така и помага во конвертирање на витаминот А во нашето тело. Тоа ни овозможува и убава и здрава кожа.