Здрави чоколадни бомбици со темно чоколадо и наут

Овие бомбици се здрави и лесни за подготовка.

Освен тоа, тие се богати со протеин, имаат малку шеќер и се одлична замена за слатките. 

Потребни ви се само неколку состојки.

200 гр. сварен наут

2 лажици путер од јаткасти плодови по ваш избор

1 лажица мед

1 лажица стопено кокосово масло

6 коцки темно чоколадо

За почеток, измијте го и исцедете го наутот и ставете го блендер. Штом добро ќе го изблендирате додадете го путерот од јаткасти плодови,медот, па потоа стопеното кокосово масло. 

Од оваа смеса обликувајте бомбици кои потоа ќе ги полиете со стопено топло чоколадо.