Здрави бомбици со кокос и бадеми

Ова е одличен рецепт за здрави бомбици.

Потребни состојки:

1 шолја суво грозје

¼ шолја бадеми

¼ семки од тиква

¼ семки од сончоглед

2 лажици какао прав

4 лажици кокосово брашно

Оставете ги бадемите и семките да отстојат во вода во текот на ноќта, а потоа откако ќе ги исушите, измиксирајте ги во блендер. Додајте ги сувото грозје, какаото и кокосот и измешајте убаво во цврста и густа смеса. Оставете ја смесата половина час во фрижидер, а потоа извалкајте ги во кокос.