Здрава храна за здрава и младешка убава кожа

Здравата исхрана е еден од најдобрите начини за одржување на младешки изглед на нашата кожа и забавување на нејзиното стареење.

Природната, непроцесирана храна е најдобриот извор за тоа, особено оние состојки кои се богати со антиоксиданти кои го неутрализираат лошото влијание на слободните радикали, односно молекулите кои ја оштетуваат нашата кожа. 

Но, кои се состојки кои се најдобри за тоа?

Риба богата со омега 3

Рибата како лосос и сардини е одлична за многу различни процеси во нашето тело, вклучувајќи го здравјето на нашата кожа. Тие ја штитат кожата од воспаленија, а едно истражување спроведено во 2011 година во Јапонија покажува дека оваа риба ја заштитува и бариерата на кожата, што е најважна компонента за младешка и свежа кожа. 

Јајца

Едно истражување кое е неодамна објавено во Америка покажува дека луѓето кои внесуваат повеќе протеини во исхраната имаат здрава, свежа и младешка кожа.

Протеините во исхраната се клучни за лачење на еластин и колаген кои го чуваат здравјето на нашата кожа, а го спречуваат и стареењето.  Јајцата се најдобриот природен извор на висококвалитетен, комплетен протеин. 

Тиква

Изложеноста на сонце е една од најчестите причини за брзо стареење на кожата, но според нутриционистите и дерматолозите витаминот А е еден од витамините кои ја штити нашата кожа од штетните влијанија на сончевите зраци. Освен што содржи витамин А, тиквата содржи и витамин Е и Ц кои се исто така одлични витамини кои се препорачуваат за здрава и нежна кожа. 

Авокадо

Авокадото како и лососот е одличен извор на омега 3 масни киселини, но и витамин А, Ц и Е. Дополнително, тоа содржи и лектин и Б витамини, а ваквата комбинација придонесува за еластичност на кожата. 

Зелен зеленчук

Зелениот зеленчук, а особено  спанаќот е богат со витамин Ц кој штити од сончевите зраци, а и ја измазнува кожата. Тој дополнително помага во лачењето колаген и придонесува за намалување на брчките и целокупен подобар изглед на кожата.

Зелен чај

Една од најмоќните состојки на светот, зелениот чај придонесува за еластичност, здрав изглед на кожата и ја подобрува хидратацијата. Полифенолите кои тој ги содржи се корисни антиоксиданти кои ја прават кожата мека и нежна, а и помагаат во избледување на дамките на кожата.