„Здрава“ храна која треба да ја избегнувате по секоја цена

Само затоа што некоја храна се смета дека е здрава не значи дека е добра за вас. Ако се обидувате да се храните здраво, а сепак килограмите не се намалуваат или пак уште полошо- се зголемуваат, тогаш можеби имате погрешни информации за здравата храна и хранливите состојки, па така тие предизвикуваат зголемување на тежината наместо намалување.

Време е да дознаете кои производи треба да ги избегнувате за да го имате телото кое од секогаш сте го посакувале.

Однапред подготвени салати

Ако се трудите да бидете во форма, тогаш салатите се вистинскиот избор- но само ако сами ги подготвите. Ако купувате салати во супермаркетите или ако ги нарачувате во ресторани, може да внесете многу повеќе калории отколку што сакате.

Зошто е тоа така? Затоа што однапред подготвените салати содржат додатоци со масти кои се користат за да се подобри вкусот, како на пример павлака, мајонез, пржено месо и пржени коцки од леб. Овие салати сигурно имаат одличен вкус, па затоа нема потреба целосно да ги исклучите од вашата исхрана- но не се залажувајте себе си дека јадете здраво и немојте да бидете изненадени кога килограмите нема да се намалат.

Чипс од компир со мала масленост

Ако сте љубител на чипсови сигурно знаете дека тие не се најздравиот избор: полни се со масти и содиум, две состојки кои го саботираат вашиот план за здрава исхрана. Во денешно време прозиводителите нудат многу опции за поздрав чипс без маснотии, а според некои лица кои се занимаваат со маркетинг тие се и здрав избор за луѓето кои се на диета.

Овие чипсови може да се поздрави за разлика од стандардните чипсови полни со маснотии, но сепак нема да ви помогнат да го изгубите вишокот килограми. Дури и ако имаат помала количина на масти, тие сепак содржат премногу содиум и се полни со адитиви кои не се здрави за вас.

Сладодел со мала масленост

Доколку уживате во сладоледот, а сакате да изгубите неколку килограми, сигурно сте го пробале сладоледот без масленост, без шеќер и бевте изненадени од тоа колку е вкусен. Но постои причина за тоа- сладоледот без масленост најчесто е полн со шеќери, а таквиот вид на шеќер најчесто содржи голема количина на масти – нешто што со сигурност го подобрува вкусот!

Ако навистина сакате да се храните здраво, наместо сладолед јадете смрзнат јогурт – можеби нема да е толку вкусен како обичниот сладолед, но е многу поздрав за вас. Додадете свежо овошје за да го подобрите вкусот и ако не можете да одолеете малку темно чоколадо.

Пилешки крилца

Се смета дека пилешкото месо е здраво месо со мала количина на масленост, па затоа и се препорачува за секоја диета. Но, здравиот дел од пилешкото најчесто се градите без кожа. За жал не е така и со пилешките крилца. Кожата на пилешките крилца содржи голема количина на масти и холестерол, па затоа не е најдобриот избор за вас. Но тоа не е единствениот проблем- главниот проблем  е дека пилешките крилца најчесто се маринираат во смеси кои содржат високо ниво на шеќер, масти и адитиви па затоа имаат и многу калории. Ако сакате да ја  намалите телесната тежина тогаш јадете пилешки гради- оставете ги пилешките крилца за посебни пригоди.

Овошен сок

Сите знаеме дека овошјето е здраво, па од таму се смета дека и сокот од овошје е здрав нели? За жал тоа не е случај кога се обидувате да ја намалите телесната тежина - овошните сокови најчесто содржат шеќер исто колку и во една чаша газиран сок, па затоа тие нема да ви бидат сојузник во борбата против килограмите.

Овошните сокови кои ги купувате во супермаркетите најчесто се полни со шеќери, па затоа треба да ги избегнувате по секоја цена. Овошните сокови кои сами ги подготвувате се многу подобар избор и тие се одличен начин да ги внесете сите витамини кои ви се потребни- но тие сепак содржат голема количина на шеќер, па затоа консумирајте ги како оброк, а не како пијалак.

Протеински плочки

Иако протеинските плочки се одличен избор кога брзате и сакате набрзина да јадете, сепак тие не се толку здрави колку што изгледаат. Секако, тие се полни со протеини кои му се потребни на вашето тело и се одличен избор за секој кој сака да се  храни здраво, но сепак не содржат само протеини.

Пред да ги купите проверете ги состојките- поголем дел од протеинските плочки се преполни со шеќери па наместо да ги намалите килограмите, вие ќе ги зголемите. Тие можеби се одличен избор кога немате време за ништо друго- но обидете се да не ги вклучувате во вашата исхрана многу често.