Здрава домашна чоколада од само 3 состојки

Потребни се само 3 состојки за овој вкусен десерт. 

Потребни состојки:

2 лажици кокосово масло

2 лажици какао во прав

1 лажица мед

Начин на подготовка:

Во мал сад измешајте ги сите состојки, но претходно потрудете се кокосовото масло да не е тврдо, туку омекнато. Мешајте добро додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја малата смеса во плехче обложено со хартија за печење. 

Ставете ја чоколадата во замрзнувач на 20 минути, а потоа извадете ја и исечете на парчиња. 

Овој десерт е прилагодлив, па слободно можете да додадете кокос, бадеми и ореви, сушено овошје.