Здрав тоник за почеток на денот

Ова е еден од најдобрите начини да се започне денот.

Тој содржи важни состојки кои имаат моќ да ни помогнат да го поттикнеме имунитетот, да го подобриме расположението, но и да уживаме во убаво утро.

Базата на овој тоник е комбинацијата на куркума и ѓумбир кои се познати по своите анти-воспалителни состојки. На тоа додаваме половина јаболко, јаболков оцет и малку мед, кој го балансира вкусот на оцетот. На крајот, доза од витамин Ц преку мандарините.

Потребни состојки:

1 мала лажица куркума

1 мала лажица рендан или ѓумбир во прав

1 мала лажица мед

половина јаболко

1 голема лажица јаболков оцет

1 шолја вода

сок од 2 цедени мандарини

Измешајте ги сите состојки во блендер и добро измешајте. Тоникот е готов. Можете да го направите и во текот на претходната вечер и да го конзумирате наутро. Измешајте добро пред сервирање.