Здрав сладолед со грчки јогурт и какао

Ова е вкусна, а и здрава опција која ќе ви помогне да се засладите во текот на летото.

Photo by Carlos Gilbert on Unsplash

Потребни состојки:

4-6 лажици какао

3 канчиња грчки јогурт

½ шолја билно млеко

Ванила екстракт

3  лажици мед, агаве или друг природен засладувач

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека не добиете хомогена смеса. Доколку сакате посладок десерт, можете да додадете уште малку од природниот засладувач. На крајот, пропрскајте со малку морска сол и вашиот сладолед е готов.

Ставете во кутија и уживајте во вкусот.