Здрав чај со кој лесно ќе се ослободите од главоболките

Ако се соочувате со главоболка, ова е дар од природата.

Photo by Joanna Kosinska on Unsplash

Често земаме лекови, бидејќи сакаме брзо да се ослободиме од болката, но постојат природни лекови кои можат да ни помогнат во тоа.

Станува збор за чај кој содржи мешавина од 4 билки, кои опуштаат. Тој може да се пие и превентивно, доколку често имате главоболки.

Потребни состојки:

2 лажици жалфија

1 лажица вратика (мајчин врт)

1 лажица лаванда

1 лажица камилица

Ставете ги првите три состојки во сад, а потоа додадете ја зовриената вода и оставете да отстои 5-10 минути. На крајот можете да ја додадете камилицата, која исто така смирува, но и додава убав мирис.