Драг пријателе,

Повеќе не гледаме со истите очи.

Ти зборуваш за доживувањата кои те воодушевиле.
Јас зборувам за луѓето кои ме инспирираат.

Ти зборуваш за неправедните светови надвор од себе.
Јас зборувам за праведните светови внатре во мене.

Беше убаво додека траеше.
Но, дојде време за моја одлука.

Дали дружејќи се со тебе сакам да го вдишувам истиот воздух;
Или сепак ќе тргнам во правец кон свежо ветре?

Извини, но јас го избрав второто.
Сакам да дишам.
А истото ти го посакувам и тебе.

Нека ти е среќно, пријателе мој.
Можеби ќе дојде време кога и ти некому ќе го пишуваш истото.

И тогаш ќе ме разбереш.

Збогум.
Сега морам да одам.
Ме чекаат нови ветришта...