Зазу и Плаза - Дали сте знаеле дека во скопската Зоолошка има вљубен пар папагали?

Дали сте знаеле дека во скопската Зоолошка има вљубен пар папагали. Се викаат Зазу и Плаза! 

- Ара папагалите Зазу и Плаза се миленици на сите вработени, Откако беа донесени во ЗОО Скопје и едниот и другиот поминаа многу време во админстративните простории на зоолошка, дружејќи се со вработените, за подоцна да ги споиме и да создадеме нов заљубен пар, соопштија од скопската Зоолошка. 

Летото го поминаа заедно во нова волиера во Бејби ЗОО, а деновиве нашиот тим им направи ново живеалиште кое што е по стандарди- големо, со природни материјали и доволно интимно за тие да уживаат во благосостојба, додаваат зоонегователите.