Концертот на камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар”, а под диригентство на Олег Кондратенко што ќе се одржи утревечер (31 јули), со почеток од 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности Сули-ан, е последниот настан за годинешното 39. издание на “Скопско лето“.

На програмата ќе бидат изведени Вивалди, Аренски, Барток, Пјацола, Блази, Григ, а како солисти ќе настапат Ева Богоевска и Бојан Илкоски, на виолина.

Фестивалот “Скопско лето“ започна на 21 јули, со концерт на вокалистката од Израел Дадо Дганит, а за месец и пол пред скопската публика донесе повеќе музички, филмски, драмски и ликовни настани, кои се одржаа на повеќе локации во главниот град.