Завршно асфалтирање во Стајковци, Трајковски на увид на градежните активности

На улицата „Антон Велковски“ во населеното место Стајковци се изврши завршно асфалтирање со површина од околу 1900 м2, а градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски беше во работна посета на ова населено место и направи увид во градежните активности.

Покрај асфалтирањето се направи и проширување на автобуската постојка која е почетна станица на автобусот со број 65.

Изведувач на работите е фирмата Жикол.

Претходно Трајковски изврши увид во градежни активности на улица и краци на улица 5, каде во соработка со ЈП Водовод и канализација се работи на реконструкција и замена на старата водоводна мрежа во должина од 800 метри.