ЗАВРШИЛ НА УРГЕНТЕН: Средношколец повреден со тврд предмет во стомакот

Вчера околу 12,45 часот во Скопје, на влезот во Средното училиште „Боро Петрушевски“, Б.С. (17) од Сингелиќ, со тврд предмет го повредил (во пределот на стомакот) Ф.Р.(18) од село Арачиново, скопско, информираат од МВР.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза".

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.