Заврши реконструкцијата на водоводната линија кај новиот кружен тек во Кисела Вода

Заврши реконструкција на водоводна линија Ф700 кај новиот кружни тек меѓу улицата Христо Татарчев и булеварот Србија, кај постојката на последна 24-ка, поради што граѓаните од високите зони во Кислеа Вода, Аеродром и Ново Лисиче изминатата ноќ немаа вода, информираат од ЈП Водовод и канализација.

„Замената на старата челична цевка ф700 која е поставена 1980 година со полиетиленска цевка Ф800 ќе го подобри квалитетот и притисокот на водата на нашите корисници во Аеродром и Ново Лисиче во висока зона, Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол како и дел од Кисела Вода односно корисниците на улиците Христо Татарчев крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од булеварот Борис Трајковски и дел од булеварот Србија од новиот кружен тек до булеварот Борис Трајковски“, велат од ЈП Водовод.

Од таму додаваат дека во интерес на граѓаните, интервенцијата се одвивала ноќе.

„Во интерес на граѓаните одлучивме оваа интервенција да ја реализираме во ноќните часови. Би  сакале да им се заблагодариме на сите кои учествуваа во оваа реконструкција но и на нашите корисници кои одреден период останаа без водоснабдување и имаа разбирање за значењето на истата“, велат од ЈП Водовод.