Заврши реконструкцијата на улица 40 во Шуто Оризари

Завршени се градежните работите на улица 40, крак на булеварот Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари, информираат од Град Скопје.

- По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, успешно го реализираа овој проект, при што жителите на Шуто Оризари добиваат нова патна инфраструктура и решение за долгогодишните проблеми во овој дел од градот. Град Скопје, планира на овој потег со меѓуопштинска соработка со Општината Шуто Оризари да отпочне со градежни активности и на улица 50, а веќе е завршена и улица 38, при што сите овие проекти се од витално значење за граѓаните чие барање се реализира по 30 години. Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и да се реализираат нивните барања, се вели во соопштението од Град Скопје. 

Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, додаваат надлежните.