Заврши реконструкцијата на атмосферската канализација во дел од Карпош

Заврши реконструкцијата на атмосферската канализација по улица Кораб и пренасочувањето по дел од улица Јуриј Гагарин, во општина Карпош.

Со оваа инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за реконструкција на атмосферската канализација во висина од 16.413.460,00 денари со ДДВ, се изгради нова атмосферска канализација во должина од 372 метри, со соодветен профил и траса по јавна површина, со цел решавање на долгогодишниот проблем со поплавување на оваа локација во услови на обилни врнежи.

Со реализацијата на атмосферскиот колектор со дијаметар 800мм по улица Кораб започнува прифаќањето на водите од отворениот канал кој се протега по јужниот дел покрај ул.Козле 1 (со доградба на постојната шахта на истата улица) како и водите од површините на улиците, крововите и дворовите на постојните и предвидени објекти со ДУП по улицата Кораб и оние кои гравитираат кон неа. Со реализација, пак, на новопредвидениот атмосферски канал со дијаметар од 1000мм по источниот дел на ул.Јуриј Гагарин, приклучен во постојниот атмосферски колектор со дијаметар на цевка од 1000мм по сервисната улица Јуриј Гагарин, со отворање на нова ревизиона – приклучна шахта, започнува прифаќањето на веќе канализираните води од атмосферската канализација со дијаметар на цевка 300мм од источниот дел на ул.Јуриј Гагарин.

Оваа реконстркуција во општина Карпош е уште една од низата планирани инвестиции на ЈП Водовод и канализација – Скопје, чија реализација е завршена во предвидениот временски период