Заврши протестот за случајот „Монструм“

По неколку инциденти и реакции на полицијата, заврши протестот на роднините и пријателите на обвинетите во случајот „Монструм“, кој се одржа денеска во Скопје.

Присутните лица повеќепати се обидоа да ја нападнат и пробијат групата полицајци кои го обезбедуваа протестот, по што полицијата беше принудена да реагира со шок-бомби.

Кратко по повлекувањето на демонстрантите се повлекоа и полицајците од пред ТЦ „Мавровка“.

Инаку, во протестот беа повредени тројца полицајци, а нападната беше и новинарска екипа на МИА.