Заврши потрагата по преживеани во Албанија: Краен биланс - 50 загинати, над 2.000 лица повредени

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска изјави дека во земјотресот кој неделава ја погоди неговата земја загинале вкупно 50 луѓе, а над 2.000 се повредени. 

Рама информираше дека потрагата по преживеани во земјотресот официјално е завршена. Се верува дека нема повеќе луѓе под урнатините.

Прелиминарните проценки се дека околу 900 згради во Драч и над 1.450 во Тирана се сериозно оштетени. 

Земјотресот од средата беше со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала.