Заврши обдукцијата на починатите во автобуската несреќа

Над телата на трите жртви од автобуската несреќа на патот Лесковец - Штип синоќа беше извршена обдукција, по излетувањето на автобусоот на струшката компанија „Еуробус“ пред два дена.

Обдукцијата е извршена во капелата на општата болница во Лесковац, а псоред најновите информации таму на интензивна нега е и возачот на автобусот на одделението за интензивна нега со повреди на левата потколеница и левото рамо.

Иако некои медиуми објавија дека тој е приведен, се уште е нејасно како настана несреќата на автобусот кон носеше патници од Прилеп до Виена.

Двајца од повредените се уште се на интензивна нега.