
Синоќа во населеното место Булачани заврши традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Божидар Стојановски – Брич“.
На оваа спортска манифестација присуствуваше и градоачалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој вели дека овие малски турнири се одлична можност за дружење, спортување и рекреација на сограѓаните.
„Како градоначалник на Општина Гази Баба со особено задоволство можам да кажам дека како локална самоуправа даваме континуирана поддршка за организирање турнири и спортски настани во сите месни и урбани заедници кои покажаа иницијатива“, истакна Стефковски во својата Фејсбук објава.