Заврши асфалтирањето на делот на булеварот Трета македонска бригада

Екипите на Град Скопје, деновиве го завршија асфалтирањето на делот на булевар Трета македонска бригада, каде што претходно по завршена постапка на експропријација беше отстранет времен објект, автоперална. 

Сега сообраќајот на овој потег се одвива во трите ленти, а со изградбата на средишниот појас возилата коишто доаѓаат од ул. Фрањо Клуз веќе не можат директно да се вклучат во спротивната насока на Трета македонска бригада.