Заврши акцијата за субвенционирање на нови велосипеди во Карпош

Денеска заврши третата по ред акција за субвенционирање при купување на нови велосипеди, која ја спроведе општина Карпош на својата територија.

Акцијата заврши со исцрпување на паричните средства, кои локалната самоуправа ги обезбеди за оваа намена.  

Инаку Општина Карпош од 01.02.2019 (петок) започна со спроведување на акцијата „Карпош на точак“, со која се субвенционира 30% од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ, најмногу до 3.000 денари.  Право на субвенционирање во оваа акција имаше секој полнолетен жител на Општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед започнувајќи од 01.02.2019  година (петок).