Завршени двете посматрачници на патот кон врвот на Водно

Од ЈП „Паркови и зеленило“, информираат дека се завршени посматрачниците кои се градеа до врвот на Водно.

-На локација до врвот на Водно, и на патот од с. Нерези кон Средно Водно, ги завршивме двете посматрачници кои се дел од новите парковски елементи, што во соработка со Град Скопје ги реализираме како дел од активностите за парк - шумата - соопштија од претпријатието.