Завршена дел од реконструкцијата на улицата Ѓорче Петров

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на дел од улицата Ѓорче Петров , на потегот од општинската зграда до објектот на „Баумаркет“, а градежните работи за обнова на оваа фреквентна сообраќајница продолжуваат со засилено темпо, се до бензинската пумпа на Макпетрол. 

На реконструираниот дел изминатиов период беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен нов асфалтен слој и беше обележана хоризонталната сигнализација. Во наредните денови, градежни работи ќе се одвиваат на делот до бензинската пумпа на Макпетрол. Целосната реконструкција на улицата Ѓорче Петров се очекува да заврши пред крајот на летото. 

Градот Скопје со овој градежен зафат ќе ја реконструира улицата Ѓорче Петров на должина од околу 1.500 метри, на потегот од општинската зграда до бензинската на Макпетрол. Целта е да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот и да се намали метежот. 

Додека траат градежните работи, апелираме до граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација на улицата и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.