Затвореник во Идризово чувал дрога во гајба за леб

Затвореник во Идризово чувал дрога во гајба за леб. 

- На 03.12.2025 во 13:35 часот во СВР Скопје од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 07:40 часот, при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја, известија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.