Затвореник украл џип само што излегол од Идризово

Затвореник кој бил на викенд надвор од затворот и негов пријател „заработија“ кривична пријава поради кражба на џип „ланд ровер“.

Скопската полиција информира дека пријавата е поднесена против И.Р. (28) и З.Ф. (31) од Скопје. Тие на 13-ти минатиот месец, околу 8.40 часот И.Р. и З.Ф. се движеле пеш по улица „Московска“, кога забележале како пред тобако се паркирало патничко возило-џип „ланд ровер“. Сопственикот влегол да пазари во тобакото, а џипот го оставил да работи. Тие ја искористиле приликата, влегле во возилото, го одзеле и побегнале во непознат правец. Сопственикот ги забележал како влегуваат во возилото и се обидел да ги спречи, се фатил за рачката од совозачката врата за да ја отвори, но пријавените успеале да побегнат.

Веднаш по добивање на пријавата, била започната потрага и возилото со пријавените било забележано и следено од Скопје до село Ласкарци. По пристигнување во с.Ласкарци, И.Р. и З.Ф. ја намалиле брзината, скокнале од возилото и избегале. Возилото му било вратено на сопственикот, а со направените ДНК и други вештачења било утврдено дека И.Р. бил учесник во настанот. Тој во целост го признал и појаснил извршувањето на кривичното дело. Исто така од Казнено поправната установа Идризово, во Полициската станица Карпош бил донесен З.Ф., кој бил препознаен од оштетениот.

 

nike air max 1 sale