65-годишен затвореник од кичевско починал во затворот Идризово во Скопје.
- На 27.10.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Идризово било пријавено дека околу 15.00 часот во установата починал осуденикот А.А.(65) од село Строгомиште, кичевско. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Известен бил Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот било предадено за обдукција. Извршен бил увид, стои во денешниот полициски билтен.