Затвореник од Арачиново тешко повреден во сообраќајна несреќа

Мотоциклист кој бил затвореник во Идризово е тешко повреден во сообраќајка во Скопје. 

На 29.05.2023 во 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лазар Трповски“ со ул.„Методија Митевски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Б.М.(39) од Скопје и мотоцикл „априлиа“, управуван од Р.Ј.(28) од с.Арачиново, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. За време на увидот присуствувал и заменик заповедник од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, поради тоа што Р.Ј. бил лице на издржување казна затвор, информираа од МВР.