Затвореници од Идризово нападнале службеник, биле и вооружени

На 23.06.2021 во 22.10 часот во Полициската станица Гази Баба, командир во Казнено – поправната установа Идризово пријавил дека при извршување службени задачи еден службеник во затворот бил повреден со остар предмет од еден затвореник.

Според пријавеното, на 23.06.2021 командирот издал наредба на колегите од затворската полиција да извршат претрес во една од соба во амбулантното одделение и кога пристигнале во ходникот имало повеќе осудени лица со разни тврди и остри предмети во рацете.

Според пријавата, притоа еден од нивните колеги бил повреден со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.