
Министерството за внатрешни работи информираше дека утре во главниот град ќе има посебен режим на сообраќај поради Виз Ер Скопскиот маратон.
Оттаму посочија дека со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење:
- траса на движење на трката од 5км – Старт на улица „11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по улица „11-ти Октомври“, лево по булевар „Крушевска Република“, десно по булевар „3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу булевар „3-та Македонска Бригада“ и улица „Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на улица „11-ти Октомври“;
- траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на улица „11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по улица „Димитрие Чуповски“, право по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по улица „Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со улица „Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на улица „11-ти Октомври“ и се продолжува право по улица „11-ти Октомври“, лево по булевар „Крушевска Република“, десно по булевар „3-та Македонска Бригада“, лево по улица „Васко Карангелевски“, десно по булевар „Јане Сандански“ се до крстосница со булевар „Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по булевар „Јане Сандански“ се до крстосница со булевар „Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со улица „Васко Карангелевски“, десно по улица „Васко Карангелевски“, десно по булевар „3-та Македонска Бригада“, лево по булевар „Крушевска Република“, десно по улица „11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.
Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.