Затворена слаткарница во Скопје - јаделе слатки и се затруле

Маж и жена се затруле со слатки во слаткарница во скопската населба Драчево. Како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство, тие по консумирање на слатките, биле хопситализирани со симптоми како дијареја и повраќање. 


Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство  направиле увид,  наредиле мерки и ја затвориле слаткарницата до обезбедување на потребните услови за безбедно подготвување и послужување на храната.

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира и  упатува на тоа да се почитуваат препораките како да се ракува и консумира храната во летниот период и при екстремно високите температури.

nike air max 1 sale